Што велат регулативите на ЕХФ: Македонија МОРА да го одигра мечот со Словенија, во спротивно…

Поради големата трагедија што се случи утринава во дискотека во Кочани и однесе многу млади животи, сигурно на никој денеска не му е до спорт.

Сепак на овој тежок ден ќе мора да се одигра натпреварот меѓу Словенија и Македонија во Копер, од квалификациите за пласман на ЕП 2026.

РФМ побара официјално од ЕХФ мечот да биде одложен, но тоа не беше одобрено, со изговорот дека тоа би било можно доколку тој се играше во Македонија.

Многу од македонските граѓани на социјалните мрежи бараат ракометарите да не го играат овој меч, но тоа би имало големи последици и кон националниот тим и кон федерацијата.

Според регулативите на ЕХФ, конкретно за квалификациите за ЕП 2026, велат дека доколку некоја од репрезентатициите не одигра натпревар, веднаш ќе биде исклучена од квалификациите, нејзините резултати ќе се избришат и федерацијата ќе добие казна од 35.000 евра, а ќе мора да се платат и сите трошоци за организаторот односно домаќинот.

Затоа македонските ракометари ќе мора да смогнат сили и да играат во салата „Бонифика“ во Копер, која беше распродадена пред неколку дена.

Натпреварот е на програмата од 18:30 часот.