Најдобриот стрелец на Струга, десниот бек Мерис Бошњак, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Како што најави 24Ракомет, црногорскиот интернационалец потпиша договор со шпанскиот тим Уеска и наредните две сезони ќе ги мине во Асобал лигата.
Бошњак повеќепати се наоѓаше во идеалната седморка на колото во изборот на 24Ракомет, а беше и во конкуренција за тимот на сезоната.
Трансферот во Шпанија, ќе биде трето интернационално искуство за црногорскиот десен бек, кој освен за Струга, во Македонија играше и за Еурофарм Пелистер 2.
Покрај настапите во Македонија, во татковината играше за Прв Ас и Морнар Бар, а има настапувано и за словенечката Добова.