Шок за „светците“ – Колстад освои бод во Париз

Натпреварот меѓу екипите на ПСЖ и Колстад, натпревар кој што беше проследен со голема неизвесност и драма во финишот заврши без побединик, 28:28.

Овие две екипи минатиот викенд во Норвешка ја имаа првата средба, која ја доби Колстад со 36:31.

За потсетување, во истата А група, во која се наоѓа и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, нерешено одиграа и екипите на Кил и Алборг.

Целиот натпревар помина во резултатска нишалка, двете екипи имаа свои моменти, падови, подеми, но ниту една од нив не успеа да направи голем исчекор.

Колстад во првото полувреме на моменти имаше и три гола разлика, но на пауза замина со резултатска предност од плус два, 13:11.

Норвешкиот шампион до 40 минута имаше активен резултат, потоа предноста ја презеде тимот на ПСЖ. Сепак, избраниците на Раул Гонзалес иако водеа, гостите се закануваа, израмнуваа и беа во игра за победа.

При нерешени 27:27, на триесетина секунди пред крајот, домашниот тим преку Пранди дојде до 28:27, a во самиот финиш Јоханесен му донесе гол бод на норвешкиот претставник во елитата.

Најефикасен во Колстад беше Сандер Сагосен со десет погодоци, три помалку постигна Горан Јоханесен. Кај ПСЖ десет реализации запиша Елохим Пранди.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140