Шок во Франција – почина една од најталентираните ракометарки!

Ракометна Франција утринава е завиена во црно по објавата за смртта на 21-годишната голманка Жемима Кабеја.

Голманката на тимот на План Де Кук, беше сметана за една од најталентираните во земјата на својата возраст.

Таа беше од младинската репрезентација на Франција, со која настапи и на неколку големи натпреварувања.

Француските медиуми соопштија само дека во неделата Кабеја била итно хоспитализирана во болница, но нема детали кои се причините за смртта што се случила во текот на вчерашниот ден.