Шешиќ заминува од Охрид, следна дестинација Полска

Десниот бек на Охрид, Деан Шешиќ, по истекот на договорот на крајот на оваа сезона ќе си замине од клубот.

Негова следна дестинација ќе биде полскиот тим Азоти Пулави, со кој потпиша договор на две сезони до 2026 година.

Шешиќ настапува втора сезона во Охрид, а покрај него тука Хрватот Никола Јукиќ и младиот Никола Шипинкоски.

Во Азоти Пулави, кој долги години е во сенка на Келце и Висла Плоцк, игра уште еден поранешен член на Охрид, голманот Зураб Цинцадзе.

Босанскиот десен бек претходно настапуваше за Борац, словенечките Тримо Требње и Добова, како и францускиот Анже.