Шампионот Еурофарм Пелистер со најмногу репрезентативци на ЕП – повеќе од половина тим!

Стратегот на македонскиот шампион Бранко Ангеловски, ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната без повеќе од половина тим.

Отсутни од тренинзите ќе бидат десетмина ракометари од кои деветмина ќе настапат на Европското првенство во Германија.

Toa се Марко Кизиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески, Петар Атанасијевиќ и Филип Кузмановски, кои ќе настапат за Македонија.

За Србија ќе играат Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ, додека за Словенија ќе настапат Нејц Цехте и Урбан Лесјак.

Ако на овие деветмина се додаде и Калифа Гедбан што ќе биде дел од Африканското првенство и ќе настапи за селекцијата на Алжир, тоа значи дека шампионот е меѓу клубовите со најмногу репрезетнативци овој јануари.

Македонската Супер лига има 20 претставници на ЕП!

Четворица „Македонци“ на Африканското и Азиското првенство