„Сфатив дека од Раул можам да научам многу, Вардар беше пресвртница во кариерата“

Легендарниот Тимур Диборв иако има 41 година се уште има што да каже на ракометните терени.

Руското лево крило кое цели осум години го носеше дресот на Вардар, ја игра својата втора сезона во најтрофејниот клуб во Хрватска, Загреб.

Искусниот ракометар во разговор за „Спортске Новости“ зборуваше на многу ракометни теми и се потсети на времето поминато во „црвено-црниот“ дрес.

,,Со Чеховски Медведи игравме Ф4 во Лигата на шампионите, јас бев прогласен за најдоброто лево крило во светот во 2013 година и после тоа потпишав за Вардар. Мислев дека знам и можам сѐ, но потоа го запознав Раул Гонзалез и сфатив дека тоа нема врска со тоа што го мислам. Дека едноставно можам да научам многу за работи што не сум ги знаел претходно. Тоа едноставно беше пресвртница во мојата кариера”, изјави Дибиров.

Русинот во првиот дел од тековната сезона на десет натпревари во Лигата на шампионите постигна 41 гол.