Седум прволигаши обезбедија плеј-оф, претстои борба за уште три билети

По одигрувањето на 13 коло од регуларниот дел на прволигашката конкуренција, со кое беше затворена есенската полусезона, познати се седум екипи кои веќе обезбедија пласман во плеј-офот за Супер лига.

Од групата А во разигрувањето за елитата се пласираа Еурофарм Пелистер 2 со 20 бода, Металург РА со 16 и „витамините“ од Автокоманда 15, додека од групата Б, четири екипи го потврдија своето место во плеј-оф.

Таму е многу поинтересно во битките меѓу водечките екипи. Скопје е прв на табелата со 18 бодови, додека трите кои одат во плеј-офот се на делба од второто до четвртото место со по 17 – Младост Богданци, Драчево и Македонија Ѓорче Петров.

Во групата А, на чекор до место во плеј-офот се Овче Поле кој има 10 бода и Јехона која има девет, но свои шанси гледа и тимот на Кичево. Аеродром и Астраион може да планираат дека ќе биде дел од плеј-аутот.

Во групата Б, за преостанатото едно место, нема да има голема борба бидејќи на Вардар Неготино, кој има 15 бода и уште пет меча за играње му треба само бод за да го потврди местото во плеј-офот.

Шампион, кој загуби службено два бода, со 8 бода, има само теоретски шанси за прогрес. Во плеј-аутот веќе се три клуба – Партизан Гевгелија, Текстилец Штип и Преспа Вардар.

Натпреварите од Првата лига продолжуваат на 15/16 февруари.

Прва лига, група А:

Прва лига, група Б: