Седум македонски екипи, четири машки и три женски, противниците во европските купови ќе ги дознаат следната недела. Освен Вардар кој ривалите во групната фаза од Лигата на Европа ќе ги дознае на 19 јули, сите останати Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Тиквеш, Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда, ќе знаат против која екипа ќе играат на стартот во Европа на 16 јули.
Вардар доби директно место во групната фаза од Лигата на Европа, се најде во вториот шешир и може да добие два тима од квалификациите за ривали, но и таму незгодни екипи.
„Црвено-црните“ не може да играат против полскиот Горњик, романската Констанца, словенечкиот Горење, унгарската Татабања, исландскиот Хафнарфјордру, словачкиот Татран и германскиот Кил.
Од првиот шешир најдобар избор би биле шпанската Бидасоа, хрватскиот Нексе или шведскиот Савехоф, а џек-пот од третиот шешир би бил Сесвете од Хрваска. Би било добро ако Вардар ги избегне Фленсбург и Монпелје од првиот шешир, како и Бенфика од третиот, односно бундеслигашите Мелсунген и Гумерсбах, ако ги минат квалификациите.
Во продолжение ќе направиме преглед на сите можни ривали на македонските екипи во европските купови.
Лига на Европа, мажи, групна фаза:
шешир 1: Фленсбург (Германија), Порто (Португалија), Монпелје (Франција), Нексе (Хрватска), ГОГ Гудме (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Бидасоа Ирун (Шпанија), Савехоф (Шведска)
шешир 2: Вардар (Македонија), Горњик Забже (Полска), Констанца (Романија), Горење Велење (Словенија), Татабања (Унгарија), Хафнарфјордур (Исланд), Татран Прешов (Словачка), Кил (Германија)
шешир 3: Бенфика (Португалија), Тулуз (Франција), Сесвете (Хрватска), Торелавега (Шпанија), Хробри Глогов (Полска) + три најдобро рангирани од квалификациите
шешир 4: Војводина (Србија), Карвина (Чешка)/Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) + шест екипи од квалификациите
Лига на Европа, мажи, квалификации:
шешир 1: Мелсунген (Германија), Брага (Португалија), Силкеборг (Данска), Луцерн (Швајцарија), Гранољерс (Шпанија), Иштад (Шведска), Тримо Требње (Словенија), Валур (Исланд), Гумерсбах (Германија)
шешир 2: Мадеира (Португалија), Амичитија Цирих (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска), Лимож (Франција), Морс (Данска), Адемар Леон (Шпанија), Спачва Винковци (Хрватска), Ференцварош (Унгарија), Елверум (Норвешка)
Македонија за првпат ќе има претставник и во женската Лига на Европа, откако ова натпреварување се игра во ваков формат. Шампионот Ѓорче Петров ќе мора да мине две квалификациски кола ако сака да игра во групната фаза.
„Лавиците“ се најдоа во првиот шешир пред ждрепката за второто квалификациско коло, а во вториот има многу силни ривали од типот на Валчеа од Романија и Бера Бера од Шпанија.
Одлична ждрепка за македонскиот тим би биле швајцарскиот тим Амичитија Цирих, турскиот Јенимале или шведскиот Хорс, а има и неатрактивни, но и незгодни можни ривали од типот на полскиот Кобержице, унгарскиот Вац, германскиот Бломберг или францускиот Дижон.
Во вторник, ѓорчепетровки не само што ќе го дознаат ривалот за второто квалификациско коло, туку ќе го дознаат и евентуалниот противник во третата рунда, што е последна пред групната фаза.
Лига на Европа, жени, групна фаза:
шешир 1: Икаст (Данска), Бенсхајм (Германија), Дунареа Браила (Романија), Нант (Франција)
шешир 2: четири екипи од квалификации
шешир 3: четири екипи од квалификации
шешир 4: четири екипи од квалификации
Лига на Европа, жени, 3 квалификациско коло:
шешир 1: Мецинген (Германија), Турингер (Германија), Сола (Норвешка), Париз (Франција), Мошонмаѓаровар (Унгарија), Локомотива Загреб (Хрватска), Заглебје Лубин (Полска), Борусија Дортмунд (Германија), Ларвик (Норвешка), Дебрецин (Унгарија), Чаковец (Хрватска), Лублин (Полска)
шешир 2: Елче (Шпанија), Савехоф (Шведска), Брул (Швајцарија) + девет победници од второ квалификациско коло
Лига на Европа, жени, 2 квалификациско коло:
шешир 1: Ѓорче Петров (Македонија), Црвена Ѕвезда (Србија), Бањик Мост (Чешка), Јаликавак (Турција), Хипо (Австрија), Дунајска Стреда (Словачка), Венло (Холандија), Бенфика (Португалија), Фредрикштад (Норвешка)
шешир 2: Кобержице (Полска), Бера Бера (Шпанија), Хорс (Шведска), Амичитија Цирих (Швајцарија), Јенимале (Турција), Бломберг (Германија), Валчеа (Романија), Дижон (Франција), Вац (Унгарија)
Во машкото издание на Европскиот Куп, Македонија ќе има три претставници – Охрид, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда. Кавадарчани добија вајлд-карта од Европската куќа на ракометот и ќе стартуваат од првата рунда, во вториот шешир.
Меѓу можните десет ривали, има незгодни тимови како австрискиот Маргаретен, италијанскиот Конверзано и грчката Драма, а добра ждрепка би бил Дуделанж од Луксембург, естонскиот Вилјанди, литванскиот Гранитас Карис…
Освојувачот на трофејот во Купот и тимот на Охрид ќе стартуваат од втората рунда. „Сино-белите“ од Автокоманда ќе бидат во првиот шешир, но и покрај тоа може да налетаат на екипи од типот на Партизан или АЕК Атина.
Охрид е рангиран во вториот шешир, има џек-пот од првиот шешир што се вика Лондон, а меѓу потенцијалните ривали се косовскиот Раховец со екс тренерот на охриѓани, Горан Андоновски, но и тимот на Волендам од Холандија, со кој Охрид играше на европско деби пред седум сезони.
Има нагазни мини од типот на норвешките Арендал и Сандефјорд, потоа грчкиот првак Олимпијакос, исландскиот Хаукар, српската Металопластика, украинскиот Мотор Запорожје, некогашниот европски првак Целје…Во Охрид сигурно нема да се бунат ако го добијат некој од тимовите како белгискиот Висе, летонскиот Добеле, литванскито Свиеса, азербејџанскиот Кур…
Овде нема заштита за две екипи од иста држава, па може да гледаме и македонски дуел во Европа.
Европски куп, мажи, 2 коло:
шешир 1: Алкалоид (Македонија), Бањик Карвина (Чешка)/Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина), Баја Маре (Романија), Арендал (Норвешка), Металопластика Шабац (Србија), Хаукар (Исланд), Олимпијакос (Грција), Ловосице (Чешка), Целје (Словенија), Винтертур (Швајцарија), Повашка Бистрица (Словачка), Фасано (Италија), Вест Виен (Австрија), Бешикташ (Турција), Берхем (Луксембург), Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина), Холон (Израел), Анортозис (Кипар), БК-46 (Финска), Полва Сервити (Естонија), Раховец (Косово), Волендам (Холандија), Висе (Белгија), Х71 (Фарски Острови), Мотор Запорожје (Украина), Тенакс Добеле (Летонија), Свиеса (Литванија), Ловќен Цетиње (Црна Гора), Кур (Азербејџан), Лондон (Велика Британија), Потаиса Турда (Романија), Рунар Сандефјорд (Норвешка)
шешир 2: Охрид (Македонија), Партизан (Србија), АЕК Атина (Грција), Робе Жубри (Чешка), Крка (Словенија), Бриксен (Италија), Кремс (Австрија), Бејкоз (Турција), Еш (Луксембург), Грачаница (Босна и Херцеговина), Строволу (Кипар), Кокс (Финска), Мистра (Естонија), Беса Каваја (Косово), Хари Ап (Холандија), Бохолт (Белгија), ВИФ (Фарски Острови), Драгунас Клаипеда (Литванија), Баку (Азербејџан), Динамо Панчево (Србија), ПАОК (Грција), Брно (Чешка) + десет победници од првото коло
Европски куп, мажи, 1 коло:
шешир 1: Конверзано (Италија), Маргаретен (Австрија), Спор Тото (Турција), Дуделанж (Луксембург), Леотар Требиње (Босна и Херцеговина), Вилјанди (Естонија), Кастриоти (Косово), Гранитас Карис (Литванија), Драма (Грција), Мерано (Италија)
шешир 2: Тиквеш (Македонија), Беледијеспор (Турција), Амбер (Литванија), ЧСМ Букурешт (Романија), Драмен (Норвешка), Диомидис Аргус (Грција), Јерусалем Ормож (Словенија), Пореч (Хрватска), Сасари (Италија), Слобода Тузла (Босна и Херцеговина)
Во женското издание на Европскиот Куп, Македонија ќе има две екипи – вицепрвакот Чаир и тимот на Металург Автокоманда. Чаирчанки се рангирани во првиот шешир, додека тимот од Автокоманда ќе биде дел од вториот шешир.
Овде позицијата нема многу влијание, бидејќи и во првиот и во вториот шешир има екипи кои може да се карактеризираат како добра или лоша ждрепка. Чаир може да налета на пример на Славија Прага, ПАОК Солун, шпанскиот Порињо, италијанските Ериче и Салерно…но има и добри опции како азербејџанскиот Азераил, косовските Феризај и Самадреџа, босанските Борац, Криваја и Хаџиќи, потоа кипарскиот Атинеоу…
Металург Автокоманда може да ги добие незгодната Јагодина, шпанските Ваљадолид и Малага, потоа словачката Јувента Михаловце, која лани беше финалист во овој куп…но има и тимови што може да се минат од типот на црногорскиот Тиват, босанскиот Груде, Дуделанж од Луксембург, кипарската Лација…
Во овој куп нема заштита за две екипи од иста држава, па можен е двобој меѓу Чаир и Металург Автокоманда.
Европски куп, жени, 2 коло:
шешир 1: Чаир (Македонија), Малага (Шпанија), Јувента Михаловце (Словачка), Гореле (Турција), Мадеира (Португалија), Железничар Инџија (Србија), Унирек (Холандија), Галичанка Лвов (Украина), Кинжварт (Чешка), ВИФ (Фарски Острови), Далматинка Плоче (Хрватска), Валур (Исланд), Бриксен (Италија), Шпоно Нотвил (Швајцарија), Јонијас (Грција), Гниезно (Полска), Тиват (Црна Гора), Кристијанштад (Шведска), Ајдовшчина (Словенија), Груде (Босна и Херцеговина), Ацгерсдорф (Австрија), Истогу (Косово), Дуделанж (Луксембург), Карабах (Азебејџан), Ојпен (Белгија), Гарлијава (Литванија), Лација (Кипар), Ваљадолид (Шпанија), Слован Душло Шала (Словачка), Ускудар (Турција), Колехио Ди Гаиа (Португалија), Јагодина (Србија)
шешир 2: Металург Автокоманда (Македонија), Вело (Холандија), Славија Прага (Чешка), Х71 (Фарски Острови), Хаукар (Исланд), Ериче (Италија), Кројзлинген (Швајцарија), ПАОК (Грција), Литија (Словенија), Хаџиќи (Босна и Херцеговина), Штокерау (Австрија), Феризај (Косово), Керженг (Луксембург), Кур (Азербејџан), Жалгирис Каунас (Литванија), Атинеоу (Кипар), Порињо (Шпанија), Сао Педро (Португалија), Вест Фрисланд (Холандија), Салерно (Италија), Пилаја (Грција), Борац (Босна и Херцеговина), Румс Јагс (Австрија), Самадреџа (Косово), Диферданж (Луксембург), Азераил Баку (Азербејџан), Понтинија (Италија), Анагениси Артас (Грција), Криваја (Босна и Херцеговина), Бурса (Турција), Бјеловар (Хрватска), Панорама (Грција)
Ждрепката за сите европски купови, освен за групите од машката Лига на Европа, ќе се одржи на 16 јули од 11:00 часот.