Седлоска и Локомотива Загреб се израдуваа на десетти сезонски триумф

Екипата на Локомотива Загреб, во која настапува македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нова победа во шампионатот на Хрватска.

Локомотива Загреб во натпревар од 15. коло од најсилното хрватско натпреварување беше убедлива против Осијек со 20 гола разлика, 39:29.

Седлоска и колешките одиграа одлично во првото полувреме, во кое примија 5, а постигнаа дури 22 погодоци.

Македонската репрезентативка одигра на висина на задачата и во дадената минутажа постигна три погодоци.

Тимот на Седлоска се наоѓа на 2. позиција на табелата, на свое конто има 21 бод, додека лидерот Подравка има 28.