Се спушта суперлигашката завеса: Езерско дерби, Вардар го чека Бутел, пелистерци кај Пролет

Утре ќе бидат одиграни шесте натпревари од 16 коло од регуларниот дел од Супер лигата, последно за оваа полусезона.

Езерското дерби ќе биде во фокусот, иако Охрид е голем фаворит за победа во СРЦ „Билјанини Извори“, а интересно ќе биде и во Автокоманда каде „сино-белите“ ќе го пречекаат Тиквеш.

Вардар и Еурофарм Пелистер се фаворити за победа во двобоите против скопските ривали, Бутел Скопје и Пролет.

Бисинов ФЛ му гостува на Куманово, кој се надева на прекин на серијата порази, додека Прилеп кој дома ќе игра како гостин со Радовиш е голем фаворит за два бода.

Супер лига, 16 коло:

18/12, 17:00, Вардар – Бутел Скопје
18/12, 17:00, Алкалоид – Тиквеш
18/12, 17:30, Охрид – Струга
18/12, 18:30, Пролет – Еурофарм Пелистер
18/12, 19:00, Куманово – Бисинов ФЛ
18/12, 19:30, Радовиш – Прилеп

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186