Савески: Во Куманово освен победа ништо друго не доаѓа во предвид

Ракометарите на Струга во натпревар од деветтото коло од суперлигашката конкуренција ќе гостуваат во Куманово кај истоимената екипа, која во досегашниот тек од сезона има освоено само бод.

Избраниците на Наум Танески се фаворити во дуелот со Куманово, но фаворитската улога ќе треба да ја оправдаат на теренот, бидејќи нивниот ривал се покажа како незгоден на дел од натпреварите.

Еден од помладите ракометари во Струга, средниот бек Бобан Савески, кој од натпревар во натпревар добива поголема минутажа, ги истакна своите очекувања за утрешниот дуел.

,,Утре играме важен натпревар против екипата на Куманово, ние нема да ја потцениме, бидејќи во својот тим има неколку искусни ракометари, кои се доста незгодни, па така кон ривалот имаме респект. Наше е да се докажуваме, бориме до последната минута на натпреварот и од Куманово да се вратиме со три важни бода. Одморени сме, тренираме напорно, се подготвуваме максимално за овој дуел и со максимална посветеност и цврста одбрана се надевам дека ќе дојдеме до победа”, изјави Савески.

Средниот бек истакнува дека Куманово има неколку опасни играчи, но се надева дека неговиот тим ќе се врати со победа од незгодното гостување.

,,Добро ја анализиравме екипата на Куманово, односно нивната игра и најголемата опасност доаѓа од нивниот среден бек и кружен напаѓач. Тие играчи се едни од носителите на играта во Куманово и ќе биде доста тешко да се задржат, но не и невозможно. Јас и мојот тим сме задоволни од нашата игра, која што ја прикажавме во претходните осум натпревари, така што утре во Куманово ништо друго освен победа не доаѓа во предвид. Се надевам дека со победа ќе се вратиме и ќе продолжиме да чекориме кон посакуваната цел, а тоа е пласман во плеј-оф фазата”, заврши Савески.

Натпреварот меѓу Куманово и Струга ќе се одигра утре со почеток од 19:30 часот во спортската сала „Перо Наков“.

ПозЕкипаНПРЛББ.
1АЛКАЛОИД1413104027
2ОХРИД1411033322
3ТИКВЕШ1411033322
4СТРУГА147072114
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2146081812
6АЕРОДРОМ14419139
7КУМАНОВО14121154
8СКОПЈЕ14021222