Oana Doina BORS, Sweden vs. Romania, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 06.12.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Романија ја надигра Шведска и се вклучи во борбата за полуфинале на ЕП

Репрезентацијата на Романија во возбудлив натпревар триумфираше над Шведска со 25:23 во рамки од 2. коло од главната фаза на Европското првенство и остана во игра за пласман во полуфиналето на континенталниот собир. Шведска со денешната игра, посебно од првиот дел, покажа дека е далеку од борбата за висок пласман на континенталниот собир.

Избраничките на Флорентин Пера одиграа одлично во првите дваесетина минути, во кои имаа предност од пет-шест гола разлика, но како што се доближуваше крајот на полувремето, така искусните Швеѓанки најавуваа камбек.

Романија на пауза замина со предност од 12:8, но во вториот дел дозволи скандинавската селекција целосно да се врати во игра. Некако Романија до 55 минута успеваше да одржи резултатска позитива, водеше со еден до три разлика, но Шведска на пет минути пред крајот израмни на 22:22.

До крајот еден шут беше одлучувачки, составот на Пера најпрво поведе со 23:22, Шведска во три наврати имаше шанси да израмни, но голманката Келемен беше незапирлива во дуелите ,,еден на еден”. На петнаесетина секунди пред крајот Базалиу успеа да реализира за 24:22, а тоа значеше прослва на романската клупа.

Најефикасна во победничката репрезентација беше Бјанка Базалиу со осум гола, од кои два беа во клучните моменти, додека кај Франција се истакна Ема Линдгвист со шест реализации.