Роденденско кортео на Чкембари – 38 години поддршка за Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)

Навивачката група „Чкембари“ денес го прославува својот 38 роденден, односно прославува 38 години постоење на македонска сцена.

Роденденот на „Чкембари“ се поклопи со денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и бундеслигашот Кил.

Како што е познато, германскиот првак е ривал на пелистерци во рамки од третото коло во Лигата на шампионите.

Роденденската прослава на „Чкембари“ започна плоштадот „Магнолија“ и продолжува во спортската сала „Боро Чурлевски“.