Ривал на пелистерци се засили со дански пивот

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт, промовираше нов ракометар за претстојната сезона.

Романскиот шампион се засили со данскиот кружен напаѓач Фредерик Ладефогед, кој потпиша договор на две сезони.

Тој има 28 години, доаѓа од бундеслигашот Бергишер и се работи за специјалист во дефанзива, иако игра одлично и во напад и постигна 122 гола на 33 меча минатата сезона.

Ладефогед е поранешен младински репрезентативец на Данска и доаѓа на местото на Вјачеслав Бокан, кој заминува од Букурешт. Претходно има настапувано за Холстебро, Скандерборг Архус и Сондерјиске.

Претходно Динамо го посакуваше и Илија Брозовиќ, но хрватскиот пивот се реши да потпише за Слован Љубљана.