Рускиот првак ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нов триумф.
На домашен терен ЦСКА Москва беше подобар од тимот на Луч Москва со 39-27, во натпревар од 20 коло во рускиот шампионат.
Ристовска на теренот беше едно полувреме, но и тоа беше доволно да биде втор стрелец на мечот со пет гола од пет обиди.
ЦСКА Москва сега има 35 бода на второто место, а лидер е Ростов Дон со 38 бода. Токму Ростов е следен ривал на ЦСКА на 14 јануари од 13:00 часот.