ФОТО: Sabin Malisevschi

Ристовска најдобра против Корона Брашов

Македонската репрезентативка Сара Ристовска повторно имаше забележителна партија во дресот на Рапид Букурешт.

Тимот на Ристовска во натпревар од 11. коло од романскиот шампионат за ривал ја имаше Корона Брашов и загуби минимално со 32:28.

Македонката дадената минутажа максимално ја искористи и беше најефикасна во својата екипа со шест погодоци од осум обиди.

На спротивната страна, поранешната соиграчка на Ристовска од Металург, Катарина Крпеж Слезак доминираше на теренот, натпреварот го заврши со 15 погодоци.

За Рапид Букурешт ова беше 4-ти сезонски пораз во домашниот шампионат, моментално се наоѓа на 7. позиција со 19 бодови.