Ристовска и ЦСКА Москва победнички низ Краснодар, сензационален пораз за Ростов и Дибирова

Рускиот првак ЦСКА Москва по пласманот на завршниот турнир во Купот, им се врати на обврските во шампионатот.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот тим славеа на гостувањето кај Кубан Краснодар со 37-25.

Тренерот Олга Акопјан ја распореди минутажа кај сите, а десното крило одигра дваесетина минути и погоди три пати.

Ростов Дон загуби сензационално на домашен терен од составот на Астраханочка со 26-19 и сега има само три бода предност пред ЦСКА Москва.

Избраничките на Ирина Дибиров се први со 42 бода, додека ЦСКА Москва има 39 на втората позиција пред дербито во Москва кон средината на овој месец.