Ристовска без грешка, ЦСКА Москва со триумф кај Черноморочка

Рускиот шампион ЦСКА Москва ја продолжи серијата победи во домашниот шампионат и на гостувањето во Новоросиск.

ЦСКА Москва, каде игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, славеше кај Черноморочка со 42-22.

Македонското десно крило имаше одлична партија, и за дваесетина минути на теренот постигна четири гола од четири обиди.

ЦСКА Москва сега има 33 бода, три помалку од лидерот Ростов Дон, а следниот меч го игра на 10 јануари дома против Луч.