Ристески: Поразите се минато, сега одиме напред и посакуваме победа против Радовиш

|
13:18

Ракометарите на Охрид по поразот од „сино-белите“ од Автокоманда, на домашен терен го пречекуваат составот на Радовиш.

Левото крило Никола Ристески очекува добра игра на неговата екипа како на првиот меѓусебен натпревар и победа против радовишани.

„Очекуваме победа на овој натпревар. Како што изигравме таму на почетокот на сезоната, посакувам исто да биде и тука. Мора да влеземе борбено во натпреварот, да одиграме машки како што знаеме ние и да продолжиме со победи. Поразите од двата скопски тима се веќе зад нас и минато, сега одиме само напред. Ги респектираме сите екипи, меѓу нив и Радовиш, но бодовите ќе останат во Охрид“, вели Ристески.

Натпреварот меѓу Охрид и Радовиш се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 15:00 часот.

Николов и Начевски ќе судат полуфинале во азиската Лига на шампиони!

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
10:00

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денеска ќе имаат голем предизвик пред себе.

Тие се делегирани од Азиската федерација да судат едно од полуфиналињата во тамошната Лига на шампиони.

Македонците ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу домаќинот на турнирот Ал Духаил од Катар и Ал Калеј од Саудиска Арабија, кој е се уште актуелен шампион. Во екипата на Ал Духаил е и Петар Мисовски, македонскиот тренер кој е задолжен за работата со голманите на катарскиот тим. Тој четири години е во Катар, а сега работи со еден од најдобрите тимови во таа земја.

Во второто полуфинале ќе се сретнат тимовите на Шаржа од Обединетите Арапски Емирати и Казма од Кувајт.

По ден одмор, на 23 ноември в сабота ќе се одиграат завршните натпревар во азиската Лига на шампиони.

Металург Автокоманда на пријателски меч беше убедливо поразен од Кина

Автор: Редакција
| 19 ноември 2024
20:44

Репрезентацијата на Кина, која во Македонија се подготвуваше за настап на континенталното првенство во Индија, победнички ги одработи подготовките.

Освен со актуелниот шампион Ѓорче Петров, против кого тестираше двапати, Кина спарингуваше и со Металург Автокоманда.

Азиската селекција беше доминантна против македонскиот тим, триумфираше со 18 гола разлика, 38:20.

Кина уште на полувреме имаше убава предност од 17:9, додека во вториот дел домашниот тим, кој настапи без неколку ракометарки, целосно капитулираше.

Гостинките освен што тренираа и играа пријателски дуели во Скопје, имаа можност да го гледаат Чаир во европските настапи против Колехио Де Гаиа.

ЕХФ за Младеновска: Таа е најголемиот македонски талент во последната деценија

Автор: Влатко Мирчески
| 21 ноември 2024
18:30

До почетокот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија, преостануваат уште седум дена.

Меѓу 24-те учеснички на Европското првенство ќе биде и Македонија, која во Дебрецин ќе игра во група со Шведска, Унгарија и Турција.

Европските првенства секогаш биле отскочна даска за младите таленти, а ЕХФ пред стартот на континенталниот собир ги издвои најголемите седум таленти кои ќе настапат на континенталниот собир.

Една од нив е репрезентативката на Македонија, 17-годишната Ива Младеновска. Екс ракометарката на Металург, моментално, настапува за францускиот Брест Бретањ.

За големата надеж на македонскиот ракомет ова ќе биде второ учество на едно големо натпреварување, првото го имаше на Европското првенство 2022, на кое Македонија беше еден од ко-организаторите.

,,Десниот бек Младеновска иако има само 17 години, сепак, ќе се радува на своето второ учество на Европското првенство, откако во 2022 на само 15 години го имаше дебитанскиот настап. Не е за изненадување што таа беше дел од Европското првенство 2022, бидејќи Младеновска важи за еден од најголемите таленти откриени во македонскиот ракомет во последната деценија”, пишува ЕХФ.

Освен Младеновска, ЕХФ ги издвои и Јана Мутин (Фарски Острови), Миа Еменегер (Швајцарија), Виола Лехтер (Германија), Лусијана Ребело (Португлија), Петра Симон (Унгарија) и Лена Грандво (Франција).

Менезес од Ѓорче Петров ќе игра за Бразил на првенството на Јужна и Средна Америка

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
15:31

Кружниот напаѓач на македонскиот првак Ѓорче Петров, Милена Менезес, доби повик од селекторот на Бразил, Кристијано Роча, за настап на првенството на Средна и Јужна Америка.

Менезес, заедно со Морена од романската Глорија Бистрица и Аруиниан од шпанскиот Ваљадолид, ќе го сочинуваат триото на пивотменската позиција.

Селекторот Роча смета и на Де Паула од унгарскиот Ѓер, Морески од ЧСМ Букурешт, Аруда од Глорија Бистрица…

Бразил е прв фаворит за освојување на титулата во шампионатот на Средна и Јужна Америка, на кој ќе играат уште пет селекции.

Покрај Бразил, тука се Аргентина, Чиле, Ел Салвадор, Уругвај и Парагвај, а ќе се игра по системот секој со секого. Првите три места носат билет за Светското првенство во 2025 година во Германија и Холандија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CBHb (@cbhb1)

Прво, па женско: Судир меѓу Ѓорче Петров и Чаир на стартот на плеј-офот!

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
14:07

Денеска беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви за плеј-офот и плеј-аутот во Женската лига.

Секое коло ќе има најмалку по еден дерби натпревар, а уште на стартот ќе се сретнат шампионот и вицешампионот.

Во првото коло покрај двобојот меѓу Ѓорче Петров и Чаир, ќе биде интересно и на средбата меѓу Вардар и Куманово.

Металург Автокоманда ќе гостува во Штип кај Астибо, кој испиша историја со пласманот во плеј-офот и ќе биде голем фаворит.

Плеј-офот во Женската лига треба да стартува на 18/19 декември, додека до крајот на 2025 ќе биде одиграно уште едно коло, но календарот треба дополнително да биде потврден од РФМ.

Женска лига, плеј-оф, 1 коло:

Ѓорче Петров – Чаир
Вардар – Куманово
Астибо – Металург Автокоманда

Во плеј-аутот по исклучувањето на Гевгелија и Скопје, остануваат само седум екипи, кои треба да играат еднокружно.

Женска лига, плеј-аут, 1 коло:

Овче Поле СУ – Стружанка
Спартак – Шампион
Деспина – Ѓорче Петров 2
Пелистер слоб.