РФМ денеска ќе решава за „исфрлaњето“ на Борец ФЛ од Супер лигата

Дисциплинската комисија на РФМ деенска треба да реши околу прекршувањрто на Куп пропозициите и Правилник за организација, учество и спроведување на ракометни натпревари, според кој Борец ФЛ не го одигра својот меч во Битола од четвртфиналната група на Купот, и според правилата би требало да биде исклучен од Супер лигата.

Одлуката треба да биде донесена пред утрешната ждрепка на судиите за следното коло, бидејќи викендов е планирано играње на 6. коло од плеј-офот и плеј-аутот.

Доколку РФМ ја потврди одлуката, односно ги почитува сопствените Правилници, тоа ќе биде трет тим што сезонава нема да ја заврши сезоната поради исклучување. Претходно женските екипи на Скопје и на Гевгелија во есенскиот дел беа исклучени поради „неспортско однесување“ односно ракометарките си даваа автоголови, за да не победат.

На мечот против Еурофарм Пелистер 2 од четвртфиналната група на Купот на Македонија, гостите од Велес допатуваа со девет ракометари, наместо минимум 12 како што налагаат пропозициите. Делегатот и судиите чекале еден час, за клубот да може да обезбеди минимален број на ракометари, но и покрај даденото време, Борец немаше доволен број на ракометари.

Потоа мечот бил прогласен за неоигран, во записникот биле нотирани сите забелешки, а тренерите, судиите и делегатот го потпишале записникот според кој биле констатирани недостатоците и зошто мечот не е одигран.

Во Куп пропизициите за сезоната 2024/2025 се вели дека „За спроведување на Куп Пропозициите важат одредбите односно актите на Регистрациониот правилник, Дисциплинскиот правилник, Правилата на ракометна игра, Правилник за организација, учество и спроведување на ракометни натпревари, Пропозиции за сезона 2024/2025 на РФМ, Нормативните акти на РФМ како и Законот за спорт и позитивните законски прописи“

Во Правилникот за организација, учество и спроведување на ракометни натпревари, се утврдува што следува доколку екипа не го одигра својот меч од Купот на Македонија.

Во член 22 се вели:
Екипа која нема да одигра Куп натпревар во групна фаза или Ф4 ќе биде исклучена од
натпреварувањето во тековната сезона а одговорното лице нема право да пријави нов клуб и врши дејност во ракометниот спорт во траење од 3 (три) години, истото ќе се однесува и за сите нејзини младински категории.

Нејзините резултати постигнати во регуларниот дел од натпреварувањето се бришат ако екипата одиграла помалку од 51 % од натпреварите во регуларниот дел;
А во случај да има изиграно повеќе од 51% од натпреварите од регуларниот дел тогаш останатите натпревари се регистрираат со службен резултат 10:0 (-1) бод по натпревар.

Ракометните клубови наведени согласно претходните ставови на овој член, во следната натпреварувачка сезона доколку пријават учество истите треба да достават барање и пријава до Натпреварувачка комисија при РФМ/Комесар, Комисијата за регистрација и Комисија за лиценцирање со приложена уплата од 200.000,00 денари на сметка за развој на младинскит ракомет, пријавата и барањето ќе бидат разгледани од органите и телата на РФМ и одлуката која ќе биде донесена ќе биде конечка а уплатените средства се неповратни.

Борец ФЛ ќе биде исклучен од Супер лигата!

Фијаско на Борец – дојде со ДЕВЕТ ракометари, Еурофарм Пелистер 2 оди во битка за Ф4!