Машката репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настапот на Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
По одработените тренинзи и три пријателски натпревари во Србија, избраниците на Кирил Лазаров продолжуваат со работа во Македонија.
Од 20 ракометари што ги има(ше) на располагање, Лазаров го скрати списокот за уште едно име, па 19 остануваат во комбинација за настап, а отпадна левиот бек Михајло Младеновиќ.
По пет дена се заминува за Хрватска, каде на 8 јануари следуива тест натпревар против Хрватска од 20:00 часот. Потоа ракометарите ќе имаат доволно време за адаптација во Вараждин, каде што ќе се играат натпреварите од групната фаза и од главната рунда.
Македонија во Србија загуби од домашната селекција, додека ги победи тимовите на Нови Београд и Динамо Панчево. Нашите репрезентативци се во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја на СП.