Радовишани и дадоа 43 гола на Струга, ќе ги вкрстат копјата со пелистерци

Ракометарите на Радовиш без проблеми славеа против составот на Струга со убедливи 43-34 и обезбедија место во финалето од четвртфиналната група во Купот на Македонија.

Избраниците на Игор Котевски уште од стартот наметнаа свое темпо и не дозволија ривалот во ниту еден момент да помисли дека може да направи нешто на овој натпревар.

Бековите Чиселиов со 12 гола и Кочаров со девет погодоци беа носителите на играта, додека кај стружани кои во ростерот вклучија многу млади ракометари, се истакна Матео Костоски со пет гола.

Во битката за место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, Радовиш ќе се бори со Еурофарм Пелистер вечерва во „Боро Чурлевски“.

Куп на Македонија, групна фаза, распоред:

група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале

група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
27/04, 18:30, Еурофарм Пелистер – Радовиш

група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28

група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале