Радовиш направи „брејк“ во Струга

Радовиш направи голем чекор кон директен опстанок во Супер лигата со брејк победата на гости кај Струга, 28-26 во 8 коло од плеј аутот. Иако без еден од главните играчи, Лазар Адамовиќ и без тренерот Игор Котевски, гостите од Радовиш во второто полувреме ја „свртеа“ играт во нивна корист, и резултатот, па на крај се радуваа на два бода кои можат многу да значат на крајот од сезоната. Одиграа тимски, и покажаа дека имаат квалитет за опстанок во Супер лигата.

Има домаќините напад за реми, но не реализираа, па гостите не само што имаа време да се радуваат, туку и постигнаа гол со кој го запечатија триумфот. Во плејофот Радовиш двапати труумфораше на дуелите со Струга, и доколку на крај од сезоната имаат ист број бодови, Радовиш ќе биде во предност.

Во моментов Радовиш има 8 бода, а Струга два помалку. Но, Радовиш има два тешки натпревари до крај, прво се домаќини на Прилеп, а потоа во последното коло гостуваат кај Пролет. Стружани службено ќе го добијат мечот со Борец ФЛ а во последното коло се домаќини на Прилеп. Двата тима имаа свои математики, но сега Радовиш теоретски има поголеми шанси за директен опстанок.

Струга добро го почна мечот и имаше водство од „плус 4′ за водство 10-6. Во самата завршница гостите намалија на 14-12. Само што почна второто полувреме Радовиш почна да ја намалува негативата и израмни, потоа с еиграше малпериод „гол за гол“ за да направи потоа и предност од 23-21. Сега Радовиш го диктиреаше резултатот, а Струга се обидуваше да израмни. Но гостите се радуваа на триумфот.

Здравко Постолов со 6 гола беше најпрецизен кај Радовиш, а по четири гола дадоа Славе Јанковски, Петар Цветковски и Филип Трајанов. Кај домашните Богдан Мијушковиќ даде осум гола.