Во отсуство на официјалните натпревари, кои ќе стартуваат во март, прволигашите ги пополнуваат празнините со играње на пријателски средби.
Едни од фаворитите за висок пласман во прволигашкиот плеј-оф, Радовиш и Младост Богданции тестираа во салата „25 Мај“.
Избраниците на Љупче Мијалов го добија натпреварот со 28-25, иако богданчани водеа на полувремето со 13-12.
Голманите на Радовиш комбинираа 12 одбрани, а најдобри стрелци беа Стојановски и Петров со по седум погодоци.
Кај Младост Богданци одлични беа чуварите на мрежата Паунков и Панов кои запреа 22 удари на домашните, а Каркалашев се истакна со седум гола.
Во домашниот состав недостигаше Постолов поради повреда, а кај гостите во ростерот не беа Ѓуриќ, Чрчев и Прчев.