Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во ЛШ, тимот на ПСЖ, од следната сезона ќе биде посилен со левиот бек Карл Конан.
Раководството на ПСЖ и Конан се договорија на соработка на три сезони, па така искусниот ракометар во дресот на „светците“ ќе настапува до летото, 2028 година.
29-годишниот ракометар, моментално, игра во Монпелје, во овој тим настапува од сезона 2022/23, а претходно беше дел од Екс ан Прованс.
Во 2019 година, како член на Екс ан Прованс, беше прогласен за најдобар дефанзивец во францускиот шампионат.
Зад своето име има запишано 227 настапи во најквалитетното натпреварување во Франција и постигнато 275 погодоци.
Конан е по потекло од Брегот на Слоновата Коска, во Франција се преселува во 2014 година и уште тогаш неговите квалитети беа забележани од големите тамошни клубови.