Францускиот првак ПСЖ им се врати на обврските во домашниот шампионат по паузата поради Европското првенство.
Избраниците на Раул Гонзалес славеа на домашен терен против Шарт со убедливи 44-30, во натпревар од 16 коло.
Шпанскиот стратег сметаше на сите ракометари, меѓу кои беа и медалистите од ЕП, а во ростерот не беше само десното крило Балагер.
Најдобри стрелци во триумфот над Шарт беа Холм со девет, Шипжак со седум, како и Стеинс со пет погодоци. Браќата Карабатиќ комбинираа пет гола.
Следен предизвик за ПСЖ и Гонзалес ќе биде гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите на 14 февруари.