ПСЖ ја прекина лошата серија во ЛШ, го „тресна“ Алборг среде Данска!

Тимот на ПСЖ дури кој четири меча беше без победа во Лигата на шампионите, конечно ја прекина лошата серија и славеше против Алборг среде Данска со 32-30.

Иако гостите губеа со 28-24 на десетина минути до крајот, сепак Алборг прерано почна да ја слави победата. ПСЖ во продолжение даде осум гола, домашните само два и на крајот останаа со празни раце.

Францускиот првак отвори со водство од 3-0, беше и 6-4 по десетина минути игра со голот на Гребиј, но Алборг заигра подобра одбрана, Ландин фати неколку топки и данскиот тим направи комплетен пресврт, 8-6.

Во продолжение домашните имаа контрола на резултатот, но избраниците на Раул Гонзалес успеаја да стигна до реми на паузата, 15-15.

Во поголем дел од второто полувреме се играше гол за гол, но по 24-24, Алборг во последните десетина минути направи серија од четири гола за 28-24 и најави нови бодови.

„Светците“ не се предаваа, па Мате, Пранди и Балагер намалија на 28-27 кога останаа да се играат уште шест минути. Хансен направи три грешки во серија, следуваа казни преку Карабатиќ и Шипжак, па ПСЖ поведе со 30-28.

До крајот само рутински ја задржа разлика за два бода од тешкото гостување. Стеинс и Пранди дадоа по шест гола за ПСЖ, а Грин имаше десет одбрани. Во домашниот тим се истакна Нилсон со девет гола, додека Ландин забележа 15 одбрани.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1СПОРТИНГ22004
2ВЕСПРЕМ22004
3ДИНАМО БУКУРЕШТ22004
4ФУКСЕ БЕРЛИН21012
5ПСЖ ХЕНДБОЛ21012
6ВИСЛА ПЛОЦК20020
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР20020
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА20020