Прволигашко дерби во Богданци – може ли Младост да ја прекине победничката низа на Бисинов?

Денеска во рамки од 6. коло од прволигашкиот плеј-оф ќе се одигра дерби дуелот меѓу екипите на Младост Богданци и Бисинов од Велес. Бисинов во досегашниот тек од сезоната, односно во плеј-оф фазата нема загубено бод, има 100% учинок, односно пет од пет.

Велешани се лидери на табелата со 18 бодови и доколку продолжат во ист ритам, тогаш ќе бидат многу блиску до исполнување на посакуваната цел. Младост на пет натпревари оствари четири победи, доживеа само еден пораз, оној од Металург РА во Автокоманда.

Клубот од Богданци со евентуална победа на денешниот дуел би направил голем исчекор во борбата за директен пласман во Супер лигата.

Натпреварот меѓу Младост и Бисинов ќе се одигра со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Млаз“, а според најавите ќе биде исполнета до последното место и се очекуваат околу 1.000 гледачи.

Табела: Бисинов 18, Младост 15, Радовиш 14, Драчево 11, Металург РА 10, Јехона 7, Македонија ЃП 3, Шампион 0