Први проблеми за Србија – Милосављевиќ неизвесен за ЕП!

До стартот на Европското првенство има уште дваесетина дена, а селекторот на Србија – Тони Херона веќе се соочи со првиот проблем за време на подготовките.

Еден од најважните ракометари во ротацијата на Србите, Марко Милосављевиќ, го пореди бутниот мускул и веќе десетина дена се наоѓа во процес на рехабилитација.

Членот на Адемар Леон е на секојдневна терапија, а од стручниот штаб се надеваат дека ќе може да игра на континенталниот собир.

Тој летоска беше пред трансфер во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, но од следната сезона ќе го носи дресот на францускиот Нант.

Србија е во незгодна група на Европското првенство со Исланд, Унгарија и Црна Гора.