Светското првенство 2025 во машка конкуренција ќе се одржува во периодот од 14 јануари до 5 февруари, а ко-организатори ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска.
Маскотата за големиот настан е лисица, која се уште нема име, бидејќи тројцата организатори на првенството сакаат да го одберат најдоброто име кое што ќе го понудат ракометните љубители.
Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.
Дел од најдобрите светски репрезентации ќе биде и Македонија, која ќе игра во хрватскиот град Вараждин.
Избраниците на Кире Лазаров за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја.