Продолжуваат подготовките за ЕП, Македонија од денеска комплетна

Машката сениорска репрезентација од денеска ќе работи комплетна на подготовките за Европското првенство во Стара Пазова.

По доаѓањето на Филип Талески, денеска треба да се приклучи и капитенот Никола Митревски, кој последен имаше клупски обврски со Порто.

Македонија в петок ќе го одигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора, кој ќе се игра во три третини по 30 минути.

Момците на селекторот Кире Лазаров на 30 декември се враќаат во Скопје, а од 2 јануари одново се враќаат во сала.

На 4 и 5 јануари на програмата се двете пријателски средби со јужниот сосед на Македонија, од кои првата ќе биде отворена за јавност и ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 17:00 часот.