„Привилегија е да се биде меѓу најдобрите, амбициите ни се високи“

Еурофарм Пелистер ќе игра против ПСЖ, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Фуксе Берлин и Фредериција.

Данскиот тим Фредериција е предводен од поранешниот исландски селектор Гудмундур Гудмундсон, а таму играат двајца пелистерци – Себастијан Хенеберг и Реине Табоада.

Гудмундсон вели дека очекува интересни натпревари.

„Добивме интересна група. Веспрем, Висла Плоцк, Фуксе Берлин и ПСЖ се силни тимови, ќе биде интересно да се види како ќе играме против овие тимови. Станува збор за топ тимови. Ги спомнав четирите најсилни, но исто така и Еурофарм Пелистер, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон се добри тимови. Нема сомнеж дека амбициите ни се високи. Нашиот клуб одлично се развива и се квалификуваше за Лигата на шампионите, а привилегија е да се биде меѓу 16 најдобри тимови во Европа. Подготвени сме да се натпреваруваме против нив на највисоко ниво. Знаеме дека нашите фанови ќе ни ја даваат поддршката на сите натпревари“, изјави Гудмундсон.

Еурофарм Пелистер ќе ја пречека Фредериција во Битола на 25/26 септември, а ќе гостува во Данска на 19/20 февруари 2025 година.