Ракометарите на Прилеп пред својата публика ја забележаа втората суперлигашка победа, откако на свој терен против Радовиш триумфираа со 35:24.
За Прилеп ова беа два важни бода, бидејќи тимот на Мојсов е еден од кандидатите за пласман во плеј-оф фазата. Сега Прилеп има пет бода на табелата, додека Радовиш останува на дното со нула.
Гостите од Радовиш парираа до средината на првиот дел, во еден момент поведоа, но во последните десет минути од натпреварот дозволија Прилеп да го реши мечот, па така составот на Мојсов на пауза имаше удобни плус шест, 19:12.
Вториот дел беше повеќе формалност и шанса за останатите ракометари од двете клупи. Нападот на Прилеп беше на ниво, одбраната не дозволуваше премногу простор за гостите, кои никако не можеа да ја преполоват негативата и мораа да се помират со високиот пораз.
Најдобри во победничката екипа беа Божидар Илиески со осум и Денис Шабановиќ со пет погодоци, додека кај Радовиш, седум пати во листата на стрелци се запиша Иванче нчев.