Прекината доминацијата на Порто: Спортинг е нов шампион на Португалија!

По четири години доминација на Порто, нов шампион на Португалија е Спортинг Лисабон, кој го доби директниот дуел за титулата токму против тимот на Никола Митревски со 35-33.

Во последното коло од плеј-офот, еден меч решаваше за титулата, а Порто мораше да слави среде Лисабон за да се надева на одбрана на тронот.

И покрај одличниот капитенот на Македонија на голот, Порто немаше решение за Мартим Кошта и за Салвадор Салвадор кои искомбинираа 16 погодоци.

Во последната минута се влезе со 34-32, Митревски имаше одбрана и Ареиа казни со погодок во домашниот гол за 34-33 и возбудливи триесетина секунди. Домашниот стратег побара тајм-аут, неговите момци погодија и почна големото славје.

Овој меч не беше последниот во дресот на Порто за македонскиот голман, бидејќи следниот викенд ќе се играат натпреварите од Ф4 во Купот на Португалија.