Прекинат бундеслигашкиот меч на Потсдам на Мартин Томовски

Екипата на Потсдам, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Мартин Томовски, во 15. коло од Бундес лигата за ривал го имаше Лемго.

Овој натпревар не го дочека својот крај, откако по десет минути игра дуелот бил прекинат поради итна медицинска помош на трибините.

Според информациите од медиумите во Германија, на навивач на Лемго му се слошило, па морала да интервенира медицинската помош.

Следувало пауза од десет минути, двете екипи се вратиле во соблекувалните, а потоа беше одлучено натпреварот да биде прекинат.

Утре треба да се знае каква е состојбата на навивачот, кој веднаш бил префрлен во најблиската болница.