Еве ги термините за македонско-грчката „војна“ – „сино-белите“ домаќини во „Борис Трајковски“!

Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалните натпревари меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и грчкиот АЕК во Европскиот Куп.

Првата средба ќе се одигра во Атина, дополнително ќе биде потврдено во која сала, а терминот е 18 мај од 19:00 часот.

Реваншот на кој ќе биде доделен и трофејот за најдобриот во Европскиот Куп ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Вториот меч е закажан за 25 мај со почеток во 20:30 часот, па македонскиот претставник сигурно ќе има полни трибини зад себе во обидот да се закити со трофеј.