Познати се термините за двомечот од третата рунда во Европскиот Куп на македонскиот шампион Ѓорче Петров.
Ривал на нашиот тим е белгискиот Ојпен, а дуелите ќе се играат на 12 ноември во Белгија, а на 19 ноември во Скопје.
Првиот меч на кој домаќин е белгискиот тим, на програмата е од 14:00 часот во „Спортцентрум“ во Ојпен.
Реваншт натпреварот за место во осминафиналето ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда со почеток во 20:00 часот.
Во второто коло, македонскиот првак го елиминира црногорскиот Тиват со две убедливи победи.