ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Кузманоски и Ѓорговски, Веспрем со „фул“ ростер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем во натпревар од 9 коло во Лигата на шампионите.

Стратегот Раул Алонсо се одлучи да смета на истиот состав што играше на натпреварот против данската Фредериција.

Надвор од комбинација останаа Кајо Цикатиќ, Василије Печурица, Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски, Цветан Кузманоски, како и Ненад Костески, кој се рехабилитира по повредата.

Унгарскиот шампион ќе настапи со најсилниот состав што го има на располагање Чави Пасквал.

Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Пелистер ќе се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.