ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со истите ракометари од дуелот со Швајцарија и против Косово

Машката кадетска репрезентација на Македонија има шанса денеска да обезбеди место на Европското првенство во Црна Гора.

Сепак покрај триумф на Косово, ќе треба да очекуваме и победа на Швајцарија над Словачка, или евентуално минимален триумф на Словаците, но не со повеќе од 27 постигнати гола.

Селекторот Наум Танески и неговиот стручен штаб не направија промени во составот на Македонија за денешниот дуел со Косово во споредба со оние ракометари што настапија против Швајцарија.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра денеска во спортската сала во Автокоманда со почеток од 15:00 часот.