ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без Дабевска и Младеновска, Шпанија со најсилниот ростер

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година.

Трет ривал на Македонија е репрезентацијата на Шпанија, која на денешниот дуел е голем фаворит против „црвено – жолтите“.

Селекторот Кристијан Грчевски за натпреварот со Шпанија не смета на Сања Дабевска, Марија Јанкуловска, Ива Божиноска и Ива Младеновска.

Шпанскиот предводник Амброш Мартин ќе смета на најсилниот ростер за пресметката со нашите ракометарки.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.