ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров направи една измена за натпреварот со Гвинеја

Репрезентацијата на Македонија денеска против Гвинеја ќе го одигра третиот натпревар на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.

Нашите ракометари против африканската селекција треба само да го потврдат пласманот во главната фаза на Мундијалот.

Селекторот Кире Лазаров го одреди составот за денешниот натпревар и направи една измена. Во составот нема да го има Марко Митев, додека шанса за настап ќе добие неговиот клупски колега Валентин Карасманакис, кој ќе го има деби настапот на едно големо натпреврување.

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја е на програмата од 18:00 часот.