ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кузманоски со две промени за Шведска

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар на Европското првенство во Србија.

Ривал е селекцијата на Шведска, која дојде во Србија како европски шампион, но нема да ја брани титулата, бидејќи исто како и Македонија загуби од Словенија и Франција и не се пласираше во ТОП 12.

Селекторот Горан Кузманоски направи две промени во ростерот – во игра влегуваат голманот Атанасиј Трсунов и десното крило Андреј Георгиев, кои ќе бидат на местото на Фехми и Лешникоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра од 12:00 часот во СЦ „Шумице“ во Белград.