ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров со истите ракометарки од првиот меч брка триумф против Елче

Македонскиот шампион Ѓорче Петров денеска против Елче ќе го одигра реванш дуелот од четвртфиналето во Европскиот Куп.

Ѓорче Петров ќе посакува со победа да ја заврши сезоната на европска сцена, бидејќи на првиот натпревар доживеа висок пораз.

Тренерот Симе Симовски на овој реванш натпревар ќе смета на истите 16 ракометарки што настапија и на првата средба во Шпанија.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“. Влезот за сите љубители е слободен.