ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве со кои ракометарки Ѓорче Петров ќе брка четвртфинале

Ракометарките на Ѓорче Петров денес против Хазена Кинжварт во Чешка бркаат четвртфинале во Европскиот Куп.

Ѓорчепетровки на првиот осминафинален натпревар, кој беше одигран во Автокоманда, триумфираа со 32:29.

Тренерот Симе Симовски за денешниот дуел ќе го има на располагање истиот состав од претходниот натпревар.

Реваншот меѓу Хазена Кинжварт и Ѓорче Петров ќе се одигра во „Продукт Арена“ во чешкиот град Чеб со почеток од 18:00 часот.