ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометари ќе играат против Германија

Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Германија за денешната пресметка на кадетското ЕП во Црна Гора.

Селекторот Наум Танески не направи измени во составот кој вчера играше на натпреварот со Франција, па ќе играат истите 16 ракометари.

Натпреварот меѓу Германија, која беше убедлива во првото коло против Полска, 41-22, и Македонија, која несреќно загуби од Франција со 29-28, се игра на пладне.

Дуелот во „Бемакс Арена“ ќе го судат Израелците Перец и Шварц, додека делегати се Фулеова од Словачка и Веихе од Фарски Острови.