ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Пешевски, Манасков, Кузмановски, Цехте…

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат последниот сезонски натпревар во рамки од Лигата на шампионите.

Пелистерци настапот во европската елита ќе го завршат со дуел против норвешкиот шампион Колстад.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, го одреди составот за денешниот дуел, на кој ќе смета на 13 ракометари.

Отсутни се Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Денис Василев, Нејц Цехте, Богдан Радивојевиќ и Калифа Гедбан, кои ќе се подготвуваат за дуелот во Кавадарци против Тиквеш.

Исто како и Еурофарм Пелистер, тимот на Колстад завршува со настапот во најквалитетното европско натпреварување.

Натпреварот меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.