Познати се сите патници на машкиот Ф4 во Купот

Екипите на Тиквеш, Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид ќе играат на Ф4 турнирот во Купот на Македонија кај мажите.

Ланскиот освојувач, тимот на Вардар, кој немаше тежок пат до пласман меѓу најдобрите четири, повторно ќе има можност да го брани Куп трофејот.

Во минатата сезона, освен Вардар, на Ф4 турнирот во Охрид учествуваа уште Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Пролет.

Тимот на Пролет не успеа да обезбеди второ учество по ред, откако во полуфиналето од третата група беше изненаден од Голден Арт.

Сега во борбата за трофејот се вклучува и амбициозниот тим на Тиквеш, па така во мај не очекуваат интересни и возбудливи натпревари на завршницата од 31. издание од Купот на Македонија.

Завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржат од 17 до 19 мај годинава.

Куп на Македонија, мажи, рeзултати:

група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Тиквеш – Мулти Есенс 32-28

група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
Бутел Скопје – Алкалоид 20-23

група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21-42
Вардар – Голден Арт 37-23

група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-32