Вардар со лесен триумф до место на Ф4 во Купот

/Очекувано, но и премногу лесно Вардар се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во Македонија што ќе се борат за Куп трофејот, каде бранител се токму „црвено-црните“. Во финалето на група 3, Вардар со 32-23 (17-9) го победи Голден Арт.

Им се приклучија вардарци на Тиквеш и на Еурофарм Пелистер кои претходно беа пласираа на завршниот турнир што треба да се игра во мај, најверојатно во Охрид. Ќе се чека уште четвртиот учесник.

Фаворитската улога Вардар ја оправда уште на самиот почеток на средбата кога поведоа со 5-0, а гостите првиот гол го дадоа во 11 минута преку Мице Шилегов. Добра одбрана, и прецизен напад беше играта на Вардар со кој брзо поведоа.

Домаќините играа беа Томислав Јагуриновски, Марко Мишевски и Марко Срдановиќ. Во ира воопшто не влегоа ниту Мартин Томовски и Дарго Ѓукиќ. Во тимот на Голден Арт недостасуваа Петат Стојановски и Кристијан Стаменковиќ.

Голден Арт направи изненадување уште во полуфиналето од групата кога го елиминираше тимот на Пролет, на гостински терен. Овој меч за Голден Арт беше „бонус“ и повеќе беше за воигрување на тимот и подготовка за она што следува до крај на првенството.

Уште во првото полувреме предноста беше „двојна“, па откако домаќините поведоа со 14-7 веќе беше јасно дека нема да има дилеми. На полувреме предноста беше 17-9 за Вардар. Истото темпо продолжи и во второто полуврем каде Вардар имаше целосна доминација па и предноста беше двоцифрена.