Познати паровите за третата рунда во Европскиот Куп, Македонија со еден претставник

По елиминацијата на Тиквеш, Македонија остана без клуб во Европскиот Куп, но има еден интернационалец кој остана во трката за осминафинале.

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за третата рунда.

Тимот на Брно, каде што игра Дејан Кукуловски, доби босански ривал Вогошча, додека Кремс што го елиминира Тиквеш, ќе се соочи со исландскиот Вестманејар.

Натпреварите од третата рунда ќе се играат на 25/26 ноември, додека реваншите се една недела подоцна.